Дома Останати Кошарка Дончиќ со преселбата во Лејкерс изгуби можност да стане најплатен кошаркар во историјата

Дончиќ со преселбата во Лејкерс изгуби можност да стане најплатен кошаркар во историјата

Лука Дончиќ ќе добие шанса да игра во ист иста екипа со Леброн Џејмс, што несомнено ќе биде позитивна страна на вчерашниот шокантен трансфер, но финансиски веќе изгуби многу.

Со оглед на тековните правила, Дончиќ поради статусот на Ол-стар играч, годините поминати во лигата во една екипа, избирањата во најдобрите петорки на сезоната и другите награди, веќе следното лето би имал право на супермаксимален договор според кој би добил продолжување од 345 милиони долари за пет години, со што би станал кошаркар со најголем договор во историјата на НБА лигата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, со трансферот во Лејкерс, на Дончиќ му се скрати таа можност, и рекордер ќе остане Џејлен Браун кому Бостон пред две години му даде петгодишен договор вреден 304 милиони долари.

Кога ќе дојде време, Лејкерс ќе може да му понудат на Дончиќ петгодишен договор вреден „само“ околу 250 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ им држи лекции на судиите, а тие мирно стојат и слушаат (Видео)

Екипите се подготвуваат, а од Никола Јокиќ повторно се очекува да го води Денвер Нагетс. С…