Лука Дончиќ (25) закрепнува од повреда, а на мечот на неговиот Далас и Оклахома (106:98) дојде облечен во целосно црвена комбинација. Со тоа сакаше да го поздрави триумфот на омилениот клуб Црвена звезда над Монако (88:82) во Евролигата. “Црвена звезда. Задолжително објави го ова”, искоментира Дончиќ при доаѓањето во салата.
Видео објави и Звезда, која се потсети на фотографии од младоста на Дончиќ на кои се гледаат обележјата на белградскиот клуб. Познато е дека словенечкиот кошаркар редовно ги следи настаните во Евролигата, а еднаш има изјави и дека повеќе ги следи натпреварите од тоа првенство отколку НБА лигата.
When the club you’ve supported since childhood achieves a very important victory in @EuroLeague 🙌🏻@luka7doncic ❤️🤍#kkcz #WeAreTheTea pic.twitter.com/9bHAFAwZ13
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) January 18, 2025