
Неспортскиот потег на кошаркарот на Њу Орлеанс, Брус Браун, предизвика хаос на теренот.
Лејкерс минатата ноќ пред своите навивачи убедливо ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 136:115 и така дојдоа до седмата последователна победа.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Со историскиот подвиг на Леброн и уште една одлична игра на Дончиќ, имавме прилика да видиме и една грда сцена на теренот.
Во моменти кога Лејкерс имаа +20, кошаркарот на Пеликанс Брус Браун сосема непотребно направи еден неспортски фаул над Нехт Далтон.
Нехт тргна да положи во контра, а неговиот поранешен соиграч на Јокиќ го фати за рамо и го повлече. Следуваше жесток пад на младиот кошаркар на Лејкерс.
Лука веднаш претрча да помогне. Браун му пријде, а Словенецот го турна со гнев. Тоа го разлути играчот на Пеликанс кој сакаше физички да се пресмета со Дончиќ. Настана голема гужва, се вмешаа судиите и страстите брзо се смирија.
EXTREMELY DIRTY PLAY BY BRUCE BROWN FOLLOWED UP BY A TAUNT… EJECT THIS BUM.
— Lakers All Day Everyday (@LADEig) March 5, 2025
LUKA AND VANDO WEREN’T HAVING IT. pic.twitter.com/OaK8qYsYGc