Дома Останати Тенис Доминација на Ѓоковиќ на почетокот на Ју-Ес Опен – без изгубен сервис до втората рунда

Доминација на Ѓоковиќ на почетокот на Ју-Ес Опен – без изгубен сервис до втората рунда

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако ноќеска во Њујорк го победи педесеттиот играч во светот Американецот Лернер Тијен после три сета, 6:1, 7:6, 6:2.

Мечот траеше два часа и 24 минути.

Ѓоковиќ, седмиот играч во светот, до победата во првиот сет стигна со освојување на брејкови во вториот и шестиот гем.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во вториот сет ниту еден тенисер не освои брејк, додека Ѓоковиќ во тај-брејкот победи 7:3.

Во третиот сет имаше вкупно шест брејкови. Тијен двапати го зема сервисот на српскиот тенисер, додека Ѓоковиќ освои четири брејка, вклучувајќи го и оној во осмиот гем со кој ја доби мечот.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против 145. тенисер во светот Американецот Закари Свида, кој во првото коло го победи 156. играч во светот Маѓарот Жомбор Пирош.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…