Дома Фудбал Дојде во Реал, а Модриќ го пофали по два настапи: Може да стане легенда

Дојде во Реал, а Модриќ го пофали по два настапи: Може да стане легенда

Лука Модриќ ги игра своите последни натпревари во дресот на Реал Мадрид. Фудбалерот за врска ќе го напушти клубот по Светското клупско првенство, а неговото учество на овој турнир е посебен момент за многу навивачи. Хрватскиот фудбалер добива бројни изрази на поддршка на американските стадиони.

Defensa Central пишува дека капитенот на Реал има одличен однос со новиот тренер Чаби Алонсо. „Овие двајца ја делеле соблекувалната додека Алонсо беше играч, а сега се повторно заедно, но во сосема поинаков однос. Сепак, меѓу нив постои доверба, а Модриќ со сегашниот тренер разговарал за еден играч – Дин Хујсен”, наведува шпанскиот медиум.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Изгледа како некој кој може да стане клупска легенда, извонредно е добар со топката, а тоа не е вообичаено за еден дефанзивец”, му рекол Модриќ на својот тренер, тврди Defensa Central.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Какво лудило: Турците оставија над пет милиони коментари на објавата на Санчо!

Англискиот офанзивец Џејдон Санчо (25) веројатно немаше поим дека неговата објава од 24 ју…