
Репрезентативната пауза во Барселона не може да помине без турбуленции, бидејќи каталонскиот клуб соопшти синоќа дека со еден од првотимците е раскинат договорот.
Барселона ова лето не направи многу промени во играчкиот состав, главно поради тоа што финансиските проблеми околу ФФП сé уште не се решени.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Каталонците донесоа само неколку засилувања, но најмногу се истакнуваат голманот Хуан Гарсија кој дојде од Еспањол и Маркус Рашфорд.
Исто така, имаше и неочекувани заминувања, а тоа најмногу се однесува на Иниго Мартинез кој одлучи да ја продолжи кариерата во Ал Наср, што за Ханси Флик беше тежок удар. Иако сезоната веќе започна, изгледа дека во Барселона се уште не го завршиле „склопувањето“ на играчкиот тим, бидејќи синоќа многумина ги изненади веста која дојде од каталонскиот клуб.
Имено, челниците на Барселона одлучија да ја искористат репрезентативната пауза за да разговараат со играчите на кои Флик не смета и да се обидат да договорат раскин на соработката со нив.
Првиот со кого одржаа состанок беше искусниот везен играч Ориол Ромеу кој ова лето се врати во Барселона по позајмица во Жирона.
Ромеу веднаш доби јасна порака од Флик дека нема да игра многу и дека најдобро е да побара нешто друго, а иако неколку клуба покажаа интерес за него, на крај не се постигна договор за време на трансферниот рок.
Поради тоа Жоан Лапорта и Деко одлучија да го повикаат Ромеу на состанок за да договорат спогодбен раскин на соработката, што на крајот и се случи.
Барселона синоќа објави дека Ромеу повеќе не е член на овој клуб и дека со него е раскинат договорот, и му посакаа среќа во продолжение на кариерата.