Дома Останати Кошарка Добри вести за Лејкерси, Леброн не е тешко повреден

Добри вести за Лејкерси, Леброн не е тешко повреден

Лос Анџелес Лејкерс може да здивне бидејќи Леброн Џејмс поради повреда ќе пропушти најмалку една недела, а најмногу две недели, објави добро информираниот новинар на ESPN, Шамс Шаранија.

Кралот се повреди против Бостон Селтикс, повреда на препоните и ќе отсуствува недела или две. Ова е добра вест за тимот на езерџиите бидејќи нема да мора долго да остане без еден од најдобрите кошаркари на сите времиња..

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ќе мора да играат без Џејмс против Бруклин, но и во натпреварите со Милвоки, Денвер, Феникс, Сан Антонио, Денвер повторно, а потоа уште еднаш Милвоки. Ќе мора да стиснат заби без нивниот лидер и капитен на тимот и да останат на врвот за што подобро да се пласираат во плеј-офот..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силното невреме кое ја зафати Хрватска предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на…