
Ѕвездата на Милан Рафаел Леао денеска ги обновил тренинзите заедно со своите соиграчи, откако се опорави од повредата на едниот лист што го мачеше повеќе од еден месец, известуваат италијанските медиуми.
И покрај тоа, се очекува крилото да остане на клупата за резерви за неделниот дуел со гостинскиот шампион Наполи, при што најверојатно стартери во напад ќе бидат Кристијан Пулишич и Сантиаго Хименес.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од друга страна, Неаполитанците нема да можат да сметаат на својот централен дефанзивец Алесандро Бонджорно, кој има повреда на адукторите во левото бедро по победата од 3:2 против Пиза и ќе отсуствува околу еден месец.