Дома Останати Кошарка Дивац доживеал сообраќајна незгода – префрлен е во болница во Црна Гора

Дивац доживеал сообраќајна незгода – префрлен е во болница во Црна Гора

Легендарниот српски кошаркар, Владе Дивац, беше повреден во сообраќајна незгода во Црна Гора, каде што падна од мотор, а поради повредите што ги доби не можеше да се крене, па беше со амбулантно возило пренесен во болница.

Дивац паднал во близина на Луштица, а за степенот на повредите што ги доби сè уште нема прецизни информации, пренесува CDM.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Владе Дивац последниве години често престојува во Црна Гора на приморјето, а минатата година му правеше друштво во Бока Которска поранешниот соиграч и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња – Меџик Џонсон, кој овие денови е на хрватското приморје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ја украде топката и тргна да забие, а потоа видовме една од најморничавите повреди во НБА (Видео)

Победата на Голден Стејт Вориорс против Далас Маверикс (137:131) во Тексас требаше да биде…