Дома Фудбал Директорот на Интер го критикуваше трансферот на Модриќ: Тоа покажува во каква ситуација сме…

Директорот на Интер го критикуваше трансферот на Модриќ: Тоа покажува во каква ситуација сме…

На конференција одржана на Универзитетот во Милано, претседателот на милански Интер јавно го изрази своето незадоволство од моменталната состојба во Серија А. Тој нагласи дека италијанската лига губи од својата привлечност и значење, претворајќи се во меѓустаница за фудбалерите.

Како пример за тоа ја наведе преселбата на Лука Модриќ, капитен на хрватската репрезентација, кој летово на возраст од 40 години пристигна од Реал Мадрид во Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Искусниот претседател ги истакна и проблемите со стадионите, велејќи дека тие се застарени и не ја нудат потребната модерна фудбалска атмосфера. Тој ја предложи изработката на нови, современи спортски објекти, истакнувајќи ја потребата од нов стадион во Милано. Како добар пример го посочи стадионот на Јувентус во Торино, што според него, му ја обезбеди на клубот стабилната иднина.

Марота, кој претходно работел во Сампдорија, Аталанта, Монца и Јувентус, од 2018 година го води Интер. Ги потсети и на минатосезонскиот пораз на неговиот клуб во финалето на Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен со резултат 0:5.

Во тековното првенство, по четири одиграни кола, врвот на табелата го зазема Наполи со максимални 12 бодови, додека Интер се наоѓа на десеттото место со две победи и два пораза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аудицијата за најтешката „седумка“ е започната – кој ќе го замени Гризман?

Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид на крајот на сезоната, а шпанските медиуми веќе …