Англискиот гигант Ливерпул славеше и на гостувањето кај Жирона со 1-0 за шеста победа во Лигата на шампиони (ЛШ), додека Динамо Загреб ремизира против Селтик.
Натпреварот во Жирона го одбележаа голем број шанси во првото полувреме, но мрежите мируваа, по што единствениот гол беше дело на Мохамед Салах.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Египќанецот од пенал успеа да го матира чуварот на мрежата на домаќинот и да донесе предност од 1-0 на Ливерпул, кој успешно го зачува водството до крајот на натпреварот.
Ливерпул е прв со 18 бодови во ЛШ, додека Жирона остана на 30. позиција со само три освоено поени по шест одиграни меча.
Првото полувреме во Загреб беше „сиромашно“, односно имаше само четири шанси вкупно на двете страни, по што двете екипи беа поактивни во вториот дел, меѓутоа ниту Динамо, ниту Селтик не успеа да стигне до посакуваниот гол, па на крајот си поделија по еден бод.