Дома Фудбал Димарко откри каков проблем имал со Инзаги

Димарко откри каков проблем имал со Инзаги

Федерико Димарко изјави дека имал проблем во времето на Симоне Инзаги. Играчот на Интер беше искрен на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Славија Прага во Лигата на шампионите.

„Можеш да се развиваш само ако играш. Кога те менуваат толку многу пати тешко е да напредуваш. Оваа година играм повеќе и тоа се одразува“, изјави Димарко.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бараме четврта последователна победа. Работам на тоа да си ја вратам самодовербата што ја изгубив во последно време. Ми недостасуваше самодоверба на лична основа. Сфатив дека не играм толку добро како претходните три и пол години, но тоа може да се случи. Го надминувам тоа со помош на тренерот и соиграчите“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија утре без навивачи, на трибините во Даблин ќе има само Ирци!

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го одигра дуелот против Ирска во Даблин, …