
Ѕвездата на Рома Пауло Дибала ги демантираше гласините дека ќе премине во Бока Хуниорс, иако летово неговиот пријател Леандро Паредес ги смени “волците” токму со аргентинскиот гранд.
Ова напаѓачот го кажа во неговото гостување во YouTube емисијата OLGA, каде што гостинка беше неговата сопруга Ориана Сабатини.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“Нема ништо со Бока. Среќен сум во Рома и имам договор, така што ќе останам тука. Со Паредес сме добри пријатели, но ќе продолжам да правам скара во Рим. Интер Мајами? Ги познавам сопствениците, но нема ништо повеќе”, увери Дибала.