
Италијанските медиуми најавуваат дека на крајот на сезоната Паоло Дибала ќе ја напушти Рома.
Аргентинецот најверојатно ќе се врати во Бока Јуниорс, а медиумите на „чизмата“ тврдат дека поранешен фудбалер на Реал Мадрид ќе биде негова замена во Рим.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, управата на Рома го следи момчето кое потекнува од младинската школа на Реал Мадрид.
Серхио Арибас сега игра за Алмерија, има 24 години и дојде во овој клуб летото 2023 за шест милиони евра.
Арибас оваа сезона на 35 натпревари постигна 21 гол и забележа седум асистенции во Сегунда.