![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/di-maria-850x491.jpg)
Кристијано Роналдо неодамна, на свој начин, изјави дека тој е најдобриот фудбалер на светот на сите времиња и истакна дека не е важно дали ќе постигне 1.000 голови во кариерата или не, бидејќи тој сепак ќе остане најдобар на сите времиња.
Тоа, секако, предизвика многу реакции, а своето мислење го даде и актуелниот фудбалер на Бенфика, Анхел Ди Марија.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
„Секогаш било така. Секогаш ги давал тие изјави, секогаш се трудел да биде најдобар, но за жал, роден е во погрешно време, во многу неповолен момент, бидејќи во истото време е роден уште еден кој е допрен од волшебниот стап“, кажа Ди Марија и продолжи:
„Еден има осум Златни топки, другиот пет, тоа е голема разлика. Да се биде светски шампион со репрезентацијата е уште една голема разлика, имање два трофеи Копа Америка… Има многу разлики меѓу нив двајца, многу. И тогаш го гледате (Меси) на натпреварите, го гледате во секоја минута од натпреварот, игра како да е во својот двор. И го прави тоа веќе речиси 20 години“, рече Ди Марија, со што јасно истакна дека мисли дека Лионел Меси е подобар од Роналдо.
Ди Марија, кој имаше прилика во својата богата кариера да биде соиграч и со Роналдо и со Меси, на крајот ја заклучи приказната со став дека неговиот сонародник е најдобриот фудбалер во историјата.