
Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи, овојпат со несекојдневни сцени од селото!
Во снимката која брзо стана вирална, Марјановиќ е прикажан како го вози тракторот и собира сено заедно со татко му и дедо му.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
– Мора да се работи – порача популарниот центар со насмевка, додека за време на возењето и запеа, додавајќи во шега: „Малку одмор, малку теретана“.
Видеото предизвика многу позитивни реакции на социјалните мрежи. Неговата височина и крупна градба во малата кабина на тракторот дополнително допринесоа за хумористичниот тон на снимката, како и фактот што на почетокот на снимката пееше.
Марјановиќ во моментов се наоѓа во пауза помеѓу сезоните. Иако сѐ уште е активен како играч и настапува во Кина, сѐ почесто се шпекулира за неговите планови по завршувањето на кариерата. Особено поради тоа што е голем шоумен.
Фото: Принтскрин