
Изгледа дека авантурата на Един Џеко во редовите на Фиорентина доаѓа до својот крај. Италијанските медиуми пренесуваат дека Џенова, предводена од тренерот Даниеле Де Роси, покажала интерес за капитенот на „Змејовите“. Де Роси и Џеко претходно беа соиграчи во редовите на Рома.
Според информациите од Италија, Џенова се подготвува да го ангажира Џеко во јануарскиот трансфер период. Наводно, самиот Де Роси ќе биде многу задоволен да го засили нападот на тимот, кој сезонава се мачи да постигнува голови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Џенова размислува за доведување на искусен напаѓач кој може да решава и најтешките натпревари“, велат италијанските медиуми.
Клучниот елемент за можен трансфер на Џеко во Џенова е добриот однос со Де Роси.
Отличниот однос беше потврден кога претходно сезонава се соочија Фиорентина и Џенова, а Џеко, по завршувањето на натпреварот, го прекина пресот, за да го прегрне и бакне Де Роси.
Преостанува да се види дали Фиорентина ќе го дозволи заминувањето на еден од своите играчи на директен конкурент за опстанок.
Да потсетиме, Џеко сè уште го очекува својот прв гол за Фиорентина во Серија А.