Дома Фудбал Детенце му избега на обезбедувањето и дојде до Роналдо: Погледнете ја реакцијата на Португалецот (Видео)

Детенце му избега на обезбедувањето и дојде до Роналдо: Погледнете ја реакцијата на Португалецот (Видео)

За време на доделувањето на наградите „Globe Soccer Awards 2024 година“, дете се “проби” покрај обезбедувањето и дојде до Португалецот Кристијано Роналдо.

Членот на обезбедувањето веднаш се обиде да го задржи, но пресуди реакцијата на феноменалниот португалски фудбалер кој срдачно го пречека детето, што беше знак за обезбедувањето да се откажат од првобитниот план.

Детето му пријде на Португалецот со фудбалска топка и дрес на Ал-Наср под рака и се појави на дното на екранот за време на преносот во живо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стигна директно до Португалецот кој го советуваше на обезбедувањето да го пуштат детето да помине за да може да му ја потпише топката и дресот.

Роналдо така уште еднаш покажа дека секогаш е подготвен за дружење со деца и исполнување на нивните желби.

Инаку, Португалецот на оваа церемонија доби награда за најдобар фудбалер на Блискиот Исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта принуден да си поднесе оставка од претседателската функција во Барселона!

Жоан Лапорта официјално поднесе оставка од местото претседател на Барселона, што го означу…