Дома Фудбал Детали од новиот договор на Ван Дајк: Стана најплатениот дефанзивец во Европа

Детали од новиот договор на Ван Дајк: Стана најплатениот дефанзивец во Европа

Вирџил Ван Дајк ја продолжи верноста кон „црвените“ за дополнителни две години, што го направи исклучително среќен и горд.

“Многу сум среќен и горд. Многу емоции ми минуваат низ главата кога зборувам за Ливерпул. Неверојатно е чувството да го продолжам договорот со клубот за уште две години. Многу сум среќен. Во мојата глава секогаш беше само Ливерпул и ниту еден друг клуб освен него”, рече Ван Дајк.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Според угледниот Дејвид Орнстајн, Ван Дајк ќе заработува 460 илјади евра неделно според новиот договор и ќе биде најплатениот дефанзивец во Европа.

Ван Дајк дојде во Ливерпул во зима 2018 година од Саутемптон и многу брзо се етаблира како еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа.

Во дресот на Ливерпул одигра 314 натпревари и постигна 27 погодоци. Се закити со титули во Премиершип, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа, ФА Купот и два Лига купа.

На индивидуално ниво, беше избран за играч на годината во Англија во 2019 година и четири пати беше избран во идеалниот тим на англиската Премиерлига.

Овој 33-годишник, исто така, во 2019 година беше втор во изборот за Златна топка зад Лео Меси.

Фото: Liverpool FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигаш ниту крив, ниту должен ќе остане без Европа!?

Фудбалерите на Кристал Палас би можеле да останат без учество во Лига Европа, прво на меѓу…