Дома Фудбал Детал кој многумина го пропуштија на синоќешното дерби: Халанд и Габриел имаа судир на крајот од натпреварот

Детал кој многумина го пропуштија на синоќешното дерби: Халанд и Габриел имаа судир на крајот од натпреварот

Халанд со еден потег го потсети Габриел зошто се игра синоќешниот натпревар и така дополнително ги придоби срцата на навивачите на Граѓаните кои синоќа беа растопени.

Арсенал го демолираше тимот на Манчестер Сити и потврди дека Граѓаните се наоѓаат во најголемата криза откако Пеп Гвардиола седна на клупата.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Конечниот резултат од натпреварот беше 5:1, а единствениот гол за Граѓаните го постигна Ерлинг Халанд.

И покрај поразот, невозможно е да се провоцира Халанд кој очигледно сака да игра против Арсенал и да задава “ниски удари”.

Ривалството во денешниот фудбал секако му недостига, и во светот на ПР пристојноста почна да му фали на вистинските навивачи одредена дрскост и фудбалски безобразлук.

Тоа го има Халанд, а тоа го обожаваат навивачите на Манчестер Сити, исто како и неговиот синоќешен потег на натпреварот.

Повторно, Халанд се најде во судир со Габриел и тоа траеше практично целиот натпревар.

Но, во еден момент направи потег кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи, а за него се зборува и денес.

Имено, за време на една дискусија на теренот, Норвежанецот покажа на златното лого на Премиерлигата на дресот на Манчестер Сити.

Јасно кажа Халанд дека Граѓаните се шампиони, а дека Арсенал тоа не е веќе години, што дополнително ја подигна неговата популарност.

Како изгледаше таа ситуација, погледнете подолу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Рома!

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни Рома со делумно затворање на стадионот за натпр…