Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп ја потврди својата одлука да ја напушти функцијата во 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа ќе го стори по СП 2026 година и веќе за својата одлука ги информирал и челниците на Фудбалската федерација на Франција.
„Никогаш не сакате да заврши кога е приказната е убава, но јасно е дека мора некогаш да се каже – крај. Во мојата глава веќе нема дилеми. По завршувањето на СП 2026, јас веќе нема да бидам селектор на Франција. Го одработив своето, и сакам со иста желба, со иста страст како и досега, да ја водам Франција на СП 2026. Имам живот и понатаму. Не знам што ќе биде, но ќе биде добро“, изјави Дешамп.