Дома Фудбал Дерби на денот: Реал бара одмазда, Барса решение на проблемите

Дерби на денот: Реал бара одмазда, Барса решение на проблемите

Денес во фокусот секако ќе биде големото Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона, но овој пат двата лути ривали ќе играат во финале за трофеј во Суперкупот.

Реал бара одмазда за поразот во првенството

Реал Мадрид минатата сезона повторно се искачи на врвот на Европа и оваа сезона ја започна со трофеј во европскиот Суперкуп. Сега ова е шанса за втор трофеј сезонава, а тој ќе има многу поблаг вкус бидејќи е против најголемиот ривал. Кога ќе го спомнеме ова „Ел Класико“, не можеме а да не споменеме дека Барселона го декласираше Мадрид во последниот дуел, среде „Сантијаго Бернабеу“, а тој дуел заврши со резултат 0:4, па сигурно е дека играчите на кралскиот клуб имаат огромен мотив да му се одмаздат на лутиот ривал. Ако погледнеме наназад на шпанското првенство, во моментов актуелниот шпански шампион е на второто место на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, сепак, не смееме да заборавиме дека јорганџиите имаат натпревар помалку.Што се однесува до отсуствата, Карло Анчелоти за ова „Ел Класико“ нема да може да смета на Карвахал и Милитао, кои најверојатно ќе го пропуштат остатокот од сезоната.

Барселона со многу проблеми надвор од теренот


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Барселона одлично ја заполна сезоната, но потоа следуваше период во кој загуби многу бодови и имаше пад во играта. На тоа дојдоа и проблемите надвор од теренот, со неможноста за регистрација на играчи, па тоа влијаеше на тимот. Во полуфиналето го победија Атлетик Билбао, но Баскијците во второто полувреме беа многу подобри. Натпреварите против Реал се секогаш специјални, но сега работите се многу променети во однос на првиот меч кога Барса беше доминантна.Фудбалерите на Барселона не се прославија во претходниот период во Примера, бидејќи овој тим на последните пет натпревари оствари само еден триумф, едно реми и три порази, што е навистина премногу за тим со шампионски амбиции.Што се однесува до отсуствата, Ханси Флик нема да може да смета на Тер Штеген, а доброто е што по сите подеми и падови околу неговата регистрација, тренерот на Барселона ќе може да смета на одличниот Дани Олмо, но ќе најверојатно овој финален дуел го започнуваат на клупата за резерви.

Очекувања

Дуелите на овие два тима се секогаш неизвесни и непредвидливи, но исто така по традиција се богати со голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус подготвува размена: Влаховиќ би можел да заигра во Премиерлигата

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел да биде дел од размена меѓу Јувентус и Манчестер …