Дома Останати Кошарка Денвер откри уште колку ќе паузира Јокиќ?

Денвер откри уште колку ќе паузира Јокиќ?

Денвер Нагетси преку нивниот налог на „Икс“ информираа за некои играчи од нивниот тим кои најверојатно ќе го пропуштат вечерашниот натпревар против Бруклин Нетс на домашен терен.

На списокот на играчи за кои настапот на натпреварот е под знак прашалник, се наоѓа и еден од најдобрите кошаркарски играчи во светот Никола Јокиќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


До неговото име и презиме стои зборот „болест“, што значи дека неговата здравствена состојба сè уште е лоша.

Покрај Јокиќ, натпреварот веројатно ќе го пропушти и Арон Гордон поради повреда на десниот лист, а Нагетси сигурно нема да имаат поддршка од Дерон Холмс и Влатко Чанцар поради санација на нивните повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските кошаркарки славеа против Данска

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 го…