Дома Останати Кошарка Денвер без Јокиќ го совлада Хјустон – Мареј херој со 39 поени

Денвер без Јокиќ го совлада Хјустон – Мареј херој со 39 поени

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Хјустон Рокетс со резултат 116:111 минатата ноќ.

Оклахома Сити Тандер се на првото место во Западната конференција, но подолу од тоа речиси ништо не се знае и многу е возбудливо.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Хјустон Рокетс, кои моментално се на втората позиција, беа поразени од Денвер Нагетс и ова е нивниот прв пораз по девет последователни победи.

Херој на Нагетс беше Џамал Мареј, кој во отсуство на Никола Јокиќ (повреда), постигна 39 поени со 4 скока и 7 асистенции, додека Мајкл Портер Јуниор имаше учинок од 17 поени и 9 скока.

Во редовите на Хјустон Рокетс, Џејлен Грин беше главен поентер со 30 поени.

Сега Нагетс имаат 45 победи по 72 одиграни натпревари, што е само една победа помалку од Хјустон Рокетс кои во последните десет натпревари се поразени само еднаш – и тоа од екипата од Колорадо.

Лејкерс, кои се на четвртата позиција, имаат одиграно 70 натпревари и 43 победи, а истиот број на триумфи за еден натпревар повеќе од Лејкерс има и Мемфис, па јасно е дека не чека голема драма во расплетот до крајот на регуларниот дел од сезоната.

НБА резултати:

Атланта – Филаделфија 132:119
Мајами
– Шарлот 122:105
Портланд – Бостон 116:129
Торонто – Сан Антонио 89:123
Хјустон – Денвер 111:116
Клиперс – Оклахома 101:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легендарниот Милош Теодосиќ со емотивно писмо се збогуваше од кошарката

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ денеска соопшти дека ја заврши својата извонре…