Дома Фудбал Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-тото коло го совлада Брајтон со 2:0, а стрелец на двата гола беше Уго Екитике. Француската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 1-вата и 60-тата минута од натпреварот.

Тимот на Арне Слот започна жестоко и го притискаше противникот уште од првата минута, а таквиот пристап брзо им донесе резултат. Јанкуба Минтех се обиде да ја отстрани опасноста, но ја грешеше топката која заврши кај Џо Гомез. На оддалеченост од 18 метри од голот, дефанзивецот на Ливерпул со глава ја додаде топката до Екитике, кој со прецизен удар од 11 метри донесе водство за домаќините од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се изнамачи, но ја победи Осасуна – херој беше Рафиња! (Видео)

Фудбалерите на Барселона запишаа уште една победа во шпанската Ла Лига, овојпат против Оса…