Иднината на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар привлекува големо внимание кај љубителите на најпопуларниот спорт веќе неколку недели наназад, а шпекулациите за неговиот следен клуб отидоа толку далеку што се појавија информации за враќање во Барселона.
Поранешната ѕвезда на каталонскиот клуб е под договор со Ал Хилал до 30 јуни, но бидејќи не е регистриран за вториот дел од сезоната во Саудиска Арабија, повеќе од извесно е дека веќе оваа зима ќе го напушти Ријад.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Илузиите на навивачите дека по речиси осум години би можел повторно на “Камп Ноу” брзо се распрснаа, бидејќи спортскиот директор на Барселона, Деко, порача дека зделката во овој момент е далеку од реализација.
“Враќањето на Нејмар во Барселона е на километри оддалечено во овој момент. Од поаѓањето во Саудиска Арабија сме запознаени со неговата пазарна вредност, особено во услови на финансиски фер-плеј”, потсети Деко во изјавата за каталонскиот Спорт.
Тој додаде дека Нејмар ќе биде и остане еден од најдобрите играчи во светот, но дека во овој момент враќањето во Бразил е многу полесно изводлив сценарио.
“Добредојден е во било кој клуб во светот. Договор со него никогаш не е исклучен, но во овој момент го гледам во Бразил”, заклучи поранешниот португалски фудбалер со бразилско потекло.