
Ибрахима Конате, Марк Геи и Дајо Упамекано следното лето стануваат слободни агенти и наводно сите се отворени да преминат во – Реал Мадрид!
За Конате се знае одамна, бидејќи ги стопираше преговорите со Ливерпул, откако го контактираше Реал и му понуди опција да се пресели во Мадрид следното лето.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Но, наводно и Марк Геи и Дајо Упамекано се понудиле на Реал.
Не е тајна дека Геи ги договори сите услови со Ливерпул и дека при крајот на рокот требаше да го напушти Палас, но клубот не успеа да му најде замена, па така остана во Лондон. Геи сè уште има договор со Ливерпул, но неговите агенти го контактираа и Реал Мадрид, за да го испитаат теренот.
Слична е ситуацијата и со Упамекано, кој сепак сè уште не ги затворил вратите на Бајерн Минхен. Баварците му нудат нов договор и сакаат да го задржат, но Французинот разгледува и други опции.
На тројцата споменати играчи следното лето им истекуваат договорите, па останува да видиме кој од нив ќе го засили Реал Мадрид.