Дома Останати Кошарка Дебито на Дончиќ беше вистински спектакл: Навивачите добија уникатни подароци

Дебито на Дончиќ беше вистински спектакл: Навивачите добија уникатни подароци

Синоќешниот натпревар во кој кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го пречекаа тимот на Јута Џез ќе остане запишан во историјата на НБА лигата, а домаќините внимаваа никој што дошол во Крипто.ком арената да го не го заборави.

Имено, еден од најдобрите кошаркари во светот Лука Дончиќ дебитираше за Лејкерс, што предизвика огромен интерес меѓу кошаркарските навивачи ширум светот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Популарниот клуб од “Градот на анѓелите” одлучи по тој повод да ги почести сите навивачи кои дојдоа синоќа на дебито на Словенецот.

Во салата секој навивач пред почетокот на натпреварот на своето место затекна уникатна дрес-маица на Лука Дончиќ со бројот 77, така што целата сала беше во знак на дебито на сјајниот Словенец.

Пред натпреварот, Лука сам донираше 500.000 долари како помош за жртвите на пожарите во Лос Анџелес, со потпис “вашиот нов сосед”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вашингтон го собори Вукчевиќ на земја, Србин сакаше да се тепа среде НБА натпревар (Видео)

Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја забележаа првата победа во сезоната во својот втор НБА…