Дома Моторспорт Дебитантот издржа само две трки: Ред Бул дефинитивно реши да го промени возачот?

Дебитантот издржа само две трки: Ред Бул дефинитивно реши да го промени возачот?

Изгледа дека Ред Бул конечно реши да го промени возачот по само две трки во актуелната сезона од Формула 1. За тоа се шпекулираше откако Лиам Лоусон ги заврши првите две трки на 15-то и 12-то место, а на ниту едно квалификациско возење не успеа да помине во првите квалификации.

Сега од различни извори пристигнува информација дека тоа не беа само шпекулации, туку дека Ред Бул решил да го испрати Лоусон во тимот Рејсинг Булс, а од тој тим да го донесе Јапонецот Јуки Цунода. Тоа решение треба да биде официјално објавено до крајот на неделата, а Цунода ќе настапува во болидот на Ред Бул веќе следната недела, и тоа дома, на Големата награда на Јапонија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ред Бул по заминувањето на Серхио Перез, бараше нов клупски колега на четирикратниот шампион Макс Верстапен, и се одлучија за 21-годишниот Новозеланѓанец Лоусон, кој во болидот на Рејсинг Булс (тогаш само РБ) ги возеше шестте последни трки од минатата сезона и освои две деветти места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Даниел Рикардо хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Австралија

Според информации од повеќе медиуми како PlanetF1, поранешниот возач на Формула 1, Даниел …