
Реал Мадрид сè уште не го комплетираше својот тим за новата сезона, а според Чаби Алонсо, важно е да се донесе играч на позицијата стопер. Очигледно, тешкиот пораз од ПСЖ (4:0) му ги отвори очите.
Во полуфиналето на клубскиот светски куп, Реал доживеа срамен пораз и веднаш се вклучија сите аларми. Чаби Алонсо смета дека се неопходни нови имиња во екипата, и се фокусира на еден дефанзивец.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Антонио Ридигер и Рауљ Асенсио направија некарактеристични грешки и му донесоа на ПСЖ рано водство од два гола, а благодарение на голманот Тибо Куртоа, резултатот можеше да биде уште полош за Реал.
Моментално во првата екипа на Реал има пет стопери, но се смета дека на таа позиција е потребно засилување. Алонсо нема дилема кого сака.
Наводно, веќе му соопштил на Флорентино Перез дека го сака Ибрахима Конате, бидејќи Французинот нема намера да потпише нов договор со Ливерпул.
Имајќи го тоа на ум, Ливерпул наводно е отворен за продажбата на Конате за да се избегне повторување на сагата со Трент Александар-Арнолд.
Фото: Grok AI
.