Дома Фудбал Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство поради проблемите со Ламине Јамал и неговото повлекување од репрезентацијата на Шпанија, поради што ќе ги пропушти натпреварите против Турција и Грузија.

Шпанската фудбалска федерација истакна дека одлуката била донесена во согласност со приоритетите за здравје, сигурност и благосостојба на играчот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Де ла Фуенте отворено зборуваше за неочекуваното отсуство на фудбалерот на Барселона поради повреда.

“Не ми изгледа многу нормално. Никогаш не сум се нашол во ваква ситуација”, изјави Де ла Фуенте кога дозна дека играчот бил подложен на лечење без да биде информиран медицинскиот тим на репрезентацијата.:

“Ова се постапки што се случуваат надвор од контролата на репрезентацијата; тоа се случува и ние треба да го прифатиме”.

Оваа состојба дополнително ги продлабочи веќе напрегнатите односи помеѓу Барселона и шпанската репрезентација. Според извештаите од Шпанија, постои големо незадоволство во рамките на Федерацијата бидејќи клубот ја спроведе терапијата без консултација со лекарите на репрезентацијата, иако беше јасно дека тоа ќе го спречи Јамал да игра за националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш „Златната копачка“ на СП остана никаде не може да се заджи, панично остана без клуб на седум месеци пред Мундијалот!

Колумбија беше вистински хит на Светското првенство во фудбал 2014 година во Бразил. По од…