
Кевин де Брујне има договор со Манчестер Сити до крајот на оваа сезона, а Пеп Гвардиола му даде јасно до знаење на Белгиецот дека повеќе нема статус каков што имаше порано во тимот. Белгиецот се наоѓа на раскрсница кога е во прашање кариерата, но изгледа дека веќе донел одлука.
Де Брујне е веќе години наназад еден од главните играчи на Манчестер Сити, но јасно е дека годините си го земале своето и дека Белгиецот не игра на нивото на кое играше порано.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Тој се „втопи во сивилото“ на англискиот првак кој оваа сезона игра разочарувачки, па сигурно е дека на лето на Етихадот ќе видиме реконструкција на играчкиот состав.
Веќе се многу шпекулации за играчи кои би можеле да го напуштат Манчестер Сити на крајот на тази сезона, а на таа листа токму Де Брујне е на прво место.
Белгискиот играч од средниот ред со “граѓаните” има договор до крајот на сезонава и веќе е познато дека одредени клубови од американската МЛС и Саудиска Арабија би го сакале во своите редови.
Иако многумина веруваат дека Де Брујне на крајот од сезонава по десет години ќе го напушти Манчестер Сити, не е исклучено дека може да дојде до неочекуван пресврт.
Гвардиола пред неколку дена јасно му даде до знаење на Де Брујне дека повеќе нема статус како порано и дека во најголемите натпревари предност веројатно ќе имаат помлади, но тоа Белгиецот не го погоди премногу, затоа што е и сам свесен дека тоа е логична одлука.
Последните информации од Англија кажуваат дека Де Брујне сака да остане во Манчестер Сити и се надева на нов договор, и дека има дадено до знаење на Гвардиола и на раководството на клубот дека е подготвен да биде резервен играч во следната сезона и дека тоа воопшто не му пречи.
Исто така, се наведува дека изненадувачки реагирал на изјавата на Гвардиола и дека му е благодарен на Шпанецот што е искрен кон него, без оглед на тоа што тоа значи дека ќе игра помалку и дека тоа било пресудно.
The most recent noises coming from Kevin De Bruyne’s camp suggest he wants to stay #ManCity, and is OK with the idea of playing a bit-part role next season.
— City Xtra (@City_Xtra) February 24, 2025
[via @hirstclass]
Де Брујне не е многу заинтересиран да оди надвор од Европа и неговата цел е што подолго да остане на највисоко ниво, а кога повеќе нема да може да игра на истото, најверојатно ќе се пензионира.
И неговата сопруга ја поддржува таа одлука и не е заинтересирана да оди во Америка, особено не во Саудиска Арабија, која ја одбиле од почеток.
Останувањето во Манчестер им е приоритет и Де Брујне е помирен со фактот што минутажата во Сити не е како порано, но е решен да остане и колку што е можно да му помогне на Гвардиола да го врати овој тим на врвот.
Де Брујне пристигна во Манчестер Сити уште летото 2015 година од Волфсбург за 76 милиони евра и без сомнение стана еден од најдобрите играчи во историјата на тој клуб.
Во дресот на “граѓаните” во досегашната кариера има 409 настапи во кои постигнал 105 голови и додал 173 асистенции. Со Сити има освоено речиси се што може да се освои, и веќе неколку години е капитен на овој тим.