Дома Фудбал Де Брујне оваа недела потпишува за Наполи

Де Брујне оваа недела потпишува за Наполи

Поранешниот играч на средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бројне ќе го финализира својот трансфер во Наполи оваа недела.

Белгиецот постигна договор со италијанскиот шампион уште на крајот на мај и требаше да потпише на почетокот на јуни, но процесот се одложи поради неговите ангажмани со репрезентацијата на Белгија. 34-годишниот плејмејкер беше стандарден во натпреварите против Македонија и Велс.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Документите веќе се потпишани, а договорот на Де Бројне е на две години со можност за продолжување на уште 12 месеци. Играчот на средниот ред ќе пристигне во Неапол и ќе помине прегледи на крајот на работната недела, по што ќе биде официјално претставен како играч на “партенопеите”. Тој ќе добива по 5,5 милиони евра по сезона.

Де Бројне мина 10 години на “Етихад”, во кои освои вкупно 18 трофеи, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите и шест во Премиер лигата. Во тој период тој одигра за “граѓаните” 422 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 108 голови и додавајќи 177 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал нема да патува за натпреварот со Њукасл, Барселона ќе го чува за дуелот со ПСЖ

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ќе го пропушти гостувањето кај Њукасл во Лигата н…