Дома Фудбал Де Брујне се наоѓа пред спектакуларен трансфер!?

Де Брујне се наоѓа пред спектакуларен трансфер!?

Кевин Де Брујне по полни десет години заминува од Манчестер Сити на крајот на сезоната, а искусниот играч од средниот ред, според сите изгледи, би можел да ја продолжи својата кариера во Саудиската Арабија. Името на новиот тим е големо изненадување.

Само страствени љубители на фудбалот слушнале за клубот од Саудиска Арабија кој го носи името Неом СК. Станува збор за второлигаш од оваа земја кој речиси сигурно следната сезона ќе игра во елитната лига.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Неом некогаш се викаше Ал-Сукур. Од 2023 година го носат тековното име и се на добар пат да влезат во елитната лига.

Таму нивно прво големо засилување треба да биде Кевин Де Брујне. Бројни странски медиуми наведуваат дека преговорите помеѓу двете страни се сериозни и позитивни.

Понудата не е откриена, но се претпоставува дека на маса се неколку стотици милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Ливерпул го воодушевија Слот: Тоа многу зборува за клубот

Арне Слот ја пофали особената поддршка која му ја дадоа навивачите на Ливерпул откако него…