Дома Фудбал Де Брујне бил понуден на европски гигант, но добил „корпа“

Де Брујне бил понуден на европски гигант, но добил „корпа“

Еден од клубовите кои се споменуваа како наредна опција за Кевин де Брујне е Сан Диего кој се натпреварува во МЛС лигата.

Сепак, од тоа нема да има ништо ако веруваме на спортскиот директор на овој клуб.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


„Не знам од каде се тие информации и тие шпекулации. Разговарав со неговиот агент, секогаш го прашувам дали е тој што зборува со медиумите. Без сомнение, тој е фантастичен фудбалер и го сака ова место. Доаѓа тука секоја година на одмор, а јас сè уште не сум сигурен од каде доаѓа таа шпекулација“, рече Тyлер Хипс, спортскиот директор.

Тој додаде дека буџетот на клубот е голем проблем.

„Можам да ви кажам, разговарав со него, не се вклопува во нашиот буџет“, рече Тyлер Хипс.

Претходно новинарот Фабрицио Романо објави дека Де Брујне му бил понуден и на Реал Мадрид, но добил „корпа“.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело во Рома? Се огласи легендарниот тренер!

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело ги отфрли шпекулациите дека летово ќе ја през…