Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, доби понуда да ја преземе фудбалската репрезентација на Катар, со плата од околу 12 милиони евра годишно.
Далиќ можеше да стане убедливо најплатениот селектор во светот, но Катарците повторно добија негативен одговор, бидејќи хрватскиот стручен тим претходно ја одби нивната понуда за двојно помала плата.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Наводно, Далиќ сака да го испочитува договорот со ХНС до крајот на Светското првенство 2026 година. Тоа му го вети на претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.