Дома Фудбал Далиќ остана на својот став и продолжи да ја бојкотира ФИФА

Далиќ остана на својот став и продолжи да ја бојкотира ФИФА

Главниот град на Катар Доха беше домаќин на вечерната ФИФА церемонија на која беа прогласени најдобрите поединци во фудбалот за 2024 година.

Ѕвездата на Реал Мадрид Винисиус Џуниор беше прогласен за најдобар фудбалер на годината, а и оваа година изборот го бојкотираше селекторот на Хрватска Златко Далиќ.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Најдобриот фудбалер на годината го избираат селекторите и капитените на сите светски репрезентации, а Далиќ остана доследен и оваа година одлучи да не гласа. Тој беше единствениот селектор во светот кој не сакаше да ги сподели поените.

Својот глас Далиќ го препушти на новинарот на Спортски новости Роберт Матеони, кој 5 поени ги даде на Родри, 3 на Винисиус и 1 на Тони Крос.

Далиќ така не гласаше третпат по ред, а со бојкотот започна од 2022 година, кога рече дека ФИФА нема доволно почит кон хрватските фудбалери и резултатите на неговата репрезентација.

Од друга страна, капитенот на Ватрени Лука Модриќ гласаше за своите соиграчи од Реал Мадрид, па 5 поени додели на Винисиус, 3 поени на Џуд Белингем и еден поен на Дани Карвахал.

Од фудбалерите не гласаа Килиан Мбапе и Кристијано Роналдо. Роналдо својот глас го препушти на Бернардо Силва, додека Мбапе одлучи довербата да му ја даде на новинарот Сирил де ла Моринер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко има план за Левандовски во иднина: “Специјален случај”

Деко има многу работа пред себе. Договорите на неколку врвни играчи истекуваат по оваа сез…