Дома Фудбал ЦИЕС го избра најскапиот дефанзивец во светот

ЦИЕС го избра најскапиот дефанзивец во светот

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол се најде на врвот на уште една листа на светски дефанзивци.

Гвардиол, кој многу брзо стана еден од клучните играчи на хрватската фудбалска репрезентација и на англискиот шампион Манчестер Сити, го зазеде првото место на листата на најскапи дефанзивци во светот според изборот на Меѓународниот фудбалски институт ЦИЕС.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Проценетата вредност на неговиот трансфер изнесува 115,7 милиони евра, повеќе од првите следбеници Вилијам Салиба од Арсенал (101,8), Пиера Инкапи од Баер Леверкузен (90,3) и соиграчoт Рико Луис (87,5). Вкупно, Гвардиол се наоѓа на 16. место на листата на најскапи играчи во светот, а таму на врвот се Џуд Белингем (251,4), Ерлинг Халанд (221,5) и Виницијус Жуниор (205,7).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога Модриќ ќе потпише за Милан

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) треба следната недела, п…