Дома Фудбал Вистинско мало чудо во Турција: Клубот кој беше уништен од земјотресот по 60 порази првпат освои бод!

Вистинско мало чудо во Турција: Клубот кој беше уништен од земјотресот по 60 порази првпат освои бод!

До неодамна, најслабиот клуб во Европа беше во Турција, а тоа е тимот Јени Малатијаспор кој не така одамна учествуваше и на европските натпреварувања. Но, овој викенд се случи право мало чудо.

Овој тимврза 60 порази по ред. По страшниот земјотрес што ја погоди оваа област во Турција пр тимот не учествуваше на натпреварувањата.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Поради овие трагични настани, клубот не учествуваше во натпреварувањата, а Фудбалската федерација на Турција се обиде да го спаси клубот со тоа што му резервираше место во втората лига за да може повторно да се натпреварува.

По неколку месеци неактивност, Малатијаспор повторно се појави, но како што се очекуваше, резултатите беа катастрофални.

Тимот изгуби 60 натпревари по ред во натпреварувањето, а потоа ФИФА, поради нестабилноста на клубот, дополнително го влоши нивниот став со одземање на 36 поени.

Но, сега едно мало чудо.. По 974 дена само порази,Јени освои прв бод. Ова се случи во натпреварот со Анкара Демирспор кој заврши со резултат 1-1.

Овој резултат е опишан како еден од најзначајните настани за Малатијаспор во последните три години. Последен пат кога пред овој натпреевар тимот освои бод беше на 29 јануари 2023 година, кога победија против Ејупспор со резултат 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот играч оваа зима, кој го посакуваат двата клубови од Манчестер, Ливерпул и Тоте…