Дома Фудбал Чудесните одбрани со кои аматерите од Нов Зеланд приредија сензација и освоија милион долари (Видео)

Чудесните одбрани со кои аматерите од Нов Зеланд приредија сензација и освоија милион долари (Видео)

Оукленд Сиит аматерски клуб од Нов Зеланд, по првите две кола од групната фаза на клупското СП се сметаше за најслабата екипа во натпреварувањето. На првиот меч, загуби од Баерн со 10:0, а следно беше поражен од Бенфика со 6:0. Очекувањата беа дека Оукленд ќе доживее сличен пораз и во последниот натпревар од групата против уште еден гигант, Бока Јуниорс бидејќи повеќето играчи кои останаа во Нов Зеланд не можеа да добијат дозвола да отсуствуваат од работа.

Натпреварот тргна според очекувањата откако Бока поведе со 1:0 во 26. минута со автогол на Натан Гарол голманот на Оукленд Новозеланѓаните успеаја да изедначат на 1:1 со голот на Кристијан Греј во 52. минута, и тој резултат остана до крајот. Ова беше сензација затоа што Бока доминираше во играта, но на крајот Оукленд славеше со историски успех.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Главниот херој на овој натпревар беше токму Гароу, кој постигна автогол. Овој млад голман од 20 години, според Трансфермаркт има вредност од само 175 илјади евра. Сепак, тој импресивно го чуваше својот гол против еден од најголемите клубови.

Покажа дека може да одбрани десет удари, од кои четири беа од пеналскиот простор. На графичкиот приказ се гледа како Гароу одбрани удари од различни позиции, бранејќи ги сите делови на својот гол.

ДАЗН, кој го следи клупското СП, состави компилација од одбраните на херојот на Оукленд, насловувајќи ја „Одбрани од милион долари“. Оваа сума, по ремито против Бока му припадна на новозеландскиот клуб, што е огромно богатство за еден аматерски тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса пронајде ново „чудо од дете“: Нема да штеди пари!

Барселона наскоро би можела да го претстави својот нов млад фудбалски талент. Според извес…