Дома Фудбал Чуден потег во Серија А: Прво го продолжија договорот со тренерот, па го отпуштија

Чуден потег во Серија А: Прво го продолжија договорот со тренерот, па го отпуштија

Фиорентина денес официјално остана без својот тренер, откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката со Рафаеле Паладино по само една година.

Клубот од Фиренца ја заврши сезоната во Серија А на шестото место, што ја задоволи управата која во почетокот автоматски ја продолжи соработката со талентираниот стратег, но Паладино реши да се раздели со „виолетовите“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имаше разговори и обиди да остане Италијанецот на Артемио Франки, но тоа не се оствари.

Во Апенињаните многу се зборува за конфликтот на Паладино со најжестоките поддржувачи на Фиорентина, кои бараа тој и директорот на клубот, Даниеле Прада, да поднесат оставки и да ја напуштат Фиренца.

Сега, во Тоскана размислуваат за нов тренер, со спомнување на имиња како Марко Барони, Даниеле Де Роси и Стефано Пиоли, што значи дека следните неколку денови ќе бидат многу возбудливи во Фиренца…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид заинтересиран за – освојувач на „Златната топка“

Реал Мадрид вложи 178 милиони евра во доведувањето на Деан Хујсен, Трент Александар-Арнолд…