Дома Фудбал Човекот кој се појави како потенцијален наследник на Пеп се огласи: Не ме интересира!

Човекот кој се појави како потенцијален наследник на Пеп се огласи: Не ме интересира!

Во четврток се појавија гласини дека Енцо Маареска би можел да го замени Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, доколку каталонскиот тренер го напушти Етихад ова лето. Тренерот на Челси отфрли такви наводи, потсетувајќи на неговиот актуелен договор и ветувајќи дека ќе остане во Лондон.

Договорот на Гвардиола со Сити е важечки до 2027 година, по што беше продолжен во 2024, но тоа не ги запре шпекулациите за можна негова замена. Маареска одржа прес-конференција пред натпреварот и доби низа прашања поврзани со тие тврдења. Италијанскиот тренер изјави дека приказните не му пречат, и потврди дека идната сезона ќе биде на клупата на клубот од Стамфорд Бриџ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На прашањето дали може да гарантира дека ќе остане тренер на Челси и наредната сезона, Мареска одговори: „Апсолутно, да. Имам договор до 2029. Тоа се шпекулации, сто проценти. Немам што да додадам. Не обрнувам внимание“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хенес без влакно на јазикот: “Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн е барем…”

Долгогодишниот челник на Баерн се осврна на пазарната вредност на напаѓачите и актуелните …