Дома Останати Кошарка Чикаго ја прекинаа серијата од седум порази по ред, Детроит постигна 142 поени (Видео)

Чикаго ја прекинаа серијата од седум порази по ред, Детроит постигна 142 поени (Видео)

Чикаго Булс ја прекинаа серијата од седум порази, победувајќи во гости со 129-126 против Шарлот Хорнетсите, а Џош Гиди во последните 90 секунди постигна шест поени за победничкиот тим. Натпреварот го заврши со 26 поени, 11 асистенции и седум скока, додека Коби Вајт додаде 20 поени за Булс, кои се одмаздија за поразот во истата сала од пред две недели.

Кон Кнепел беше најефективниот играч кај Шарлот со 33 поени и девет асистенции, а Мајлс Бриџис додаде 32 од кои 20 ги постигна во првото полувреме. Брендон Милер додаде 18 поени, додека Шарлот остана без ЛаМело Бол поради повреда на зглобот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Далас Маверикс ја запишаа петтата победа во последните шест натпревари по победата на свој терен со 119-111 над Бруклин Нетсите. Ентони Дејвис беше најдобар поединец на Далас со 24 поени, 14 скока, три украдени топки и два блока. Купер Флаг додаде 22 поени и осум асистенции за Далас. Мајкл Портер Џр. постигна 34 поени од кои шест тројки за Нетсите.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама го прашаа кој е најдобар играч во НБА лигата. Тој изненади со одговорот.

ВИКТОР ВЕМБАЊАМА треба да се врати на терен во денешниот натпревар од полуфиналето на НБА …