Дома Останати Ракомет Червар за Лазаров: Очигледно ја прочитал мојата книга

Червар за Лазаров: Очигледно ја прочитал мојата книга

Легендарниот ракометен стратег Лино Червар во големо интервју за хрватскиот портал „Нет“ се осврна на актуелните случувања на Европското првенство, а посебен акцент стави на настапот на македонската репрезентација.

Поранешниот селектор на Македонија истакна дека актуелниот предводник на националниот тим, Кирил Лазаров, очигледно внимателно ја проучил неговата книга „Ракомет – пат до врвот и тајните на успехот“, што, според Червар, јасно се видело на теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Очигледно е дека Лазаров ја прочитал и ја разбрал книгата. Заедно со еден исклучителен ракометар како Филип Кузмановски, кој израсна под мое водство во Металург, успеаја да ја доведат Португалија на работ на елиминација. Тоа е селекција која подоцна ја совлада и Данска. Да немаше два клучни загубени напади, Португалците ќе беа елиминирани“, изјави Червар.

Искусниот тренер упати и сериозни пофалби за дефанзивната игра на македонската репрезентација, потенцирајќи дека токму одбраната била најсилниот адут на нашиот тим на шампионатот.

„Македонија играше одбрана каква што досега ретко сме виделе, токму онака како што ја опишувам во книгата. На тој начин ги неутрализираа браќата Кошта. Тоа е проактивна одбрана – или модерна 5-1 формација, или варијанта што ја применувавме уште во 2003-2004 година, а која ја користевме и против Франција минатата година“, додаде Червар.

Македонската репрезентација настапот на Европското првенство го заврши со по една победа, реми и пораз, оставајќи впечаток на тим кој има јасна визија и препознатлив ракометен идентитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар потпиша двегодишен договор со хрватски ракометар

Вардар обезбеди значајно засилување за наредните сезони, откако постигна договор со хрватс…