
Челзи се интересира за привлекување на дефанзивецот на Нотингам Форест Мурило, тврди “Дејли Експрес”. Менаџерот на „сините“ од Лондон Енцо Мареска е заинтересиран за 23-годишниот Бразилец, со кого сака да ја зајакне одбраната.
Мурило учествуваше во пет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Неговиот договор со Нотингам истекува на 30 јуни 2029 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во март оваа година, Мурило дебитираше за репрезентацијата на Бразил во светската квалификација против Аргентина, изгубена со 1:4.