Дома Фудбал Челзи и Манчестер Јунајтед се многу блиску до договор за Гарначо

Челзи и Манчестер Јунајтед се многу блиску до договор за Гарначо

Челзи и Манчестер Јунајтед продолжуваат со многу активни преговори за трансферот на Алехандро Гарначо, објави Фабрицио Романо.

Понудата на лондончани е во износ меѓу 35 и 40 милиони фунти, и се очекува одговор од „црвените ѓаволи“, кои првично ја поставија цената од 50 милиони за аргентинецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гарначо го стави својот клуб во помалку поволна ситуација во однос на преговорите помеѓу двата клуба, отфрлајќи многу други понуди и давајќи апсолутен приоритет на Челзи, со што „сините“ добија поволна позиција.

Фабрицио Романо изјави неколку пати во последните недели дека договорот сигурно ќе биде постигнат и дека е прашање на време и преговори во кои ќе се постигне компромис за цената на играчот.

Крилниот играч беше еден од силните фудбалери на Манчестер Јунајтед минатата сезона, но по финалето во Лига Европа влезе во конфликт со Рубен Аморим, кој го извади од составот. Моментално Гарначо тренира одделно од основната група и чека да се заврши договорот со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем ја „краде“ големата желба на Челзи

Откако пропушти неколку трансферни цели, Тотенхем продолжува да се залага за засилување во…