Дома Фудбал Челси тргнува во (не)возможна мисија: На Интер му нуди тројца фудбалери за Лаутаро?!

Челси тргнува во (не)возможна мисија: На Интер му нуди тројца фудбалери за Лаутаро?!

Михајло Мудрик (70 милиони евра), Беноа Бадиашил (38 милиони евра) и Карни Чуквуемека (18 милиони евра) се тројка кои, помеѓу другите, пристигнаа во Челси во сезоната 22/23. Вкупната цена на нивниот трансфер беше 126 милиони евра. Сега, крилниот напаѓач, стоперот и врзниот играч би можеле да го напуштат клубот во иста зделка.

Имено, аргентинскиот Ел Графико донесува вест дека Челси е многу заинтересиран за доведување на Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација. Бидејќи Челси има вишок на играчи поради масовното трошење во последните неколку трансферни рокови, идејата од Лондон е да го доведат Мартинез без да платат класична отштета за него.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Целта е Интер да го добие споменатото трио, а италијанскиот гигант во спротивниот правец да го испрати Мартинез. Вакви зделки се среќаваат многу ретко, на врвно ниво на фудбалот вакви случаи не се паметат, но останува да се види каков одговор ќе пристигне од Италија. Мартинез е еден од клучните фудбалери на екипата на Инзаги и тешко е да се поверува дека Интер би го продал, дури и во замена за тројца играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Манчестер јунајтед донеле одлука за Зиркзе!

Притисокот во Манчестер Јунајтед е огромен, Рубен Аморим го почувствува тоа само неколку н…