
Актуелниот освојувач на Светското клупско првенство, Челси, не застанува со засилувањата и до крајот на летниот преоден рок планира да доведе уште две големи имиња – Чави Симонс од РБ Лајпциг и Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед.
Според информациите што ги објави добро познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо, „сините“ најпрвин се фокусирани на доведување на Симонс, а се проценува дека трансферот би можел да изнесува околу 70 милиони евра. Откако ќе биде завршена таа зделка, челниците на Челси ќе се обидат да го обезбедат и потписот на младиот аргентински репрезентативец Гарначо, за кого се подготвени да понудат околу 50 милиони евра.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сепак, за да може да ги реализира овие амбициозни трансфери, лондонскиот клуб ќе мора претходно да направи простор во тимот и да ослободи средства преку продажба на неколку играчи. На листата на потенцијални заминувања од „Стемфорд Бриџ“ се најдоа имињата на Тајрик Џорџ, Кристофер Нкунку, Рахим Стерлинг, Николас Џексон и уште неколку други фудбалери кои не ги оправдаа очекувањата или не се вклопуваат во новата визија на тренерот.
Фото: Принтскрин