Дома Фудбал Челси понуди четири играчи, но Јунајтед бара 58.000.000 евра

Челси понуди четири играчи, но Јунајтед бара 58.000.000 евра

Челси го сака Алехандро Гарначо, и Аргентинецот сака на „Стамфорд Бриџ“, но преговорите со Манчестер Јунајтед воопшто не се лесни.

Челси во текот на преговорите му понуди на Јунајтед четворица играчи во замена за Гарначо, во игра беа – Кристофер Нкунку, Николас Џексон, Аксел Дисаси и Ренато Веига, но Јунајтед ги одби сите тие опции.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наводно, Јунајтед не му се потребни ниеден од овие играчи, зошто му е прекупотребна парични средства за да доведе вистинско засилување во средниот ред и потенцијално голманот, Џанлуиџи Донарума.

Јунајтед постави јасна цена за Аргентинецот, која изнесува 50.000.000 фунти, што е 58.000.000 евра и за сега одбива да ги намали своите барања.

Челси ги сака и Чави Симонс и Гарначо, но за да ги реализира нивните трансфери треба да го продаде токму погоренаведениот квартет кој му го понуди и на Јунајтед.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…