Дома Фудбал Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиската Премиер лига, каде што пред нив е само Ливерпул.

„Сините“ играат извонредно и потсетуваат на стариот Челси кој освојуваше титули во Лигата на шампиони, Премиер лигата и многу други.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, навивачите на лондонскиот клуб не се задоволни со сите играчи. Настапите на голманот Роберт Санчез не се баш најдобри и тој изгледа како најслабата алка во тимот.

Покрај него, Челси има и млад голман Филип Јоргесен кој досега шансите ги добива само во куп натпреварите.

Токму поради тоа, германскиот „Скај Спорт“ објави дека лондонскиот клуб сака да се засили на позицијата голман токму од Борусија Дортмунд.

Станува збор за швајцарскиот голман Грегор Кобел (27). Тоа што го одликува Кобел е одличната игра со нозете, што точно е основа на филозофијата и тактиката на тренерот на Челси, Енцо Мареска.

Швајцарецот е вистинскиот профил на голман кој го бара Челси да го замени Роберто Санчез меѓу стативите.

Покрај Кобел, се споменува и доаѓањето на талентираниот Карим Адејеми (22).

Адејеми е по својата улога крилен играч, но се снаоѓа доста добро и на врвот на нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата соопшти детали: Прилепчанец и битолчанец го нападнале фудбалерот на Струга!

По натпреварот во Купот на Македонија помеѓу Шкендија и Струга вчера бил нападнат фудбалер…